Аптека

Во склоп на ПЗУ Бами Кор Медика во Тетово, функционира аптека во наменски изграден простор во новиот објект.

Лабораторија

Во новиот блок лабoраториската дејност е сместена во најсовремени просторни услови наменски изградени за таа дејност.

Стоматологија

Од 1ви Декември 2012 година, со работа започна стоматолошката ординација во склоп на ПЗУ Бами Кор Медика - Тетово.

ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ "БАМИ КОР"

 

Во составот на ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" од Септември 1998 година функционира и женскиот одбојкарски клуб ОК "БАМИ КОР". 

Клубот е формиран примарно заради насочување на правилниот психо-физички развој на Бранкица Митовска која тогаш имаше 10 год. Родена е на 08.08.1988 година и во клубот го носи бројот 8. Во 2005 година како член на Државната репрезентација на Македонија играше на Балканското првенство во одбојка за младинки во Турција, а од 1998 година станува капитен на сениорската екипа на ОК "БАМИ КОР" од Тетово.

Своите активности ОК "БАМИ КОР" ги изведува во просториите на ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" каде има сопствен терен на отворен простор за во летни услови, соблекувални, просторија за состаноци и сопствена теретана.

Во клубот функционираат: училиште за одбојка, пионерска екипа, кадетска екипа, младинска екипа и сениорска екипа.

     

 

ПОСТИГНУВАЊА

Стручниот штаб е задолжен за поангажирано работење со младите категории. Тоа направи резултати заради што од почетокот до денеска со младите категории имаме освоено 5 први места, 7 втори места и 13 трети места. Со сениорската екипа за последниве 7 години секогаш сме пласирани до 4 место и играме во плеј-оф натпреварите. Највисок дострел на сениорската екипа е постигнат во натпреварувачката 2004/2005 година кога игравме во Финалето на купот на Македонија и бевме втори.

Тел: 044 / 335 - 747


Моб: 070 / 209 - 039

 

Адреса:

ул. Благоја Тоска ББ

1200, Тетово

(веднаш под Хируршки блок на

Медицински Центар - Тетово)

ЛОКАЦИЈА